БРЕНД
Со повеќе од 25 години искуство, LUX интензивно инвестира во развивање и модернизирање на индустрискиот дизајн во Македонија. Најдобрите брендови од луксузен дизајн се во LUX! Секогаш чекор пред времето, заљубете се во креациите на повеќе од 100 интернационални уметници.  

Искуството и професионализмот го инспирираа создавањето на LUXFORM. Нашата мисија е да понудиме врвен квалитет преку креативни решенија за вашиот ентериер и луксузни парчиња мебел.  
ИСТОРИЈА
Започнавме со продажба на осветлување од светски реномирани брендови.
 
Инспирирани од нашите задоволни клиенти
многу брзо почнавме да продаваме мебел од екслузивни брендови. 
Со добиеното искуство започнавме изработка на сопствен мебел. Голем број на завршени проекти говорат за успехот на нашето производство па се инспирираме да креираме повеќе и повеќе.
Иако сме корисници на најнова технологија и подржувачи на многубројни луксузни брендови, некои работи никогаш нема да се сменат, тоа се гордоста и страста во дизајнирање и подржување на професионалците во областа на архитектура и внатрешното уредување. 
" Тајната на секој успех е во искрените намери "


- Искра Малинковска
Искра Малинковска е добро познат архитект и директор на LUX light and living. Престижното портфолио на Искра е слика на нејзината извонредна креативност и посветеност на луксузен дизајн. Со над 30 години дизајнерско искуство Малинковска успеа да донесе светски познати брендови на екстравагантен мебел во Македонија, што резултираше во бран на модернизирање и стилско обновување на државно ниво.
ИМАТЕ ИДЕЈА? 
ДА ЈА ОСТВАРИМЕ ЗАЕДНО!